Заглавени 20.000 државјанства, АНБ одговара на над 1.000 месечно

од Берта Китинска

Агенцијата за национална безбедност (АНБ) работи со многу побрзо темпо како на новите барања за државјанство, така и на одговарање на старите барања за државјанство, околу 20 илјади наследени од поранешната УБК, вели премиерот Димитар Ковачевски.

Ковачевски денеска потенцира дека ќе го информира и директорот на АНБ да го забрза тој процес, бидејќи, како што рече, граѓаните треба што побрзо да ги добиваат тие услуги.

– Ако во тоа време се проверувале и се одговарало на околу 100 барања во тек на месец, сега тоа е зголемено на над илјади одговори во текот на месецот. Дополнително самите проверки сега се посложени со оглед на тоа што сме полноправна земја членка на НАТО и од таа причина проверките се подолги и опфаќаат критериуми и прашалници што е нешто посложени од тоа што било порано, изјави Ковачевски.

Слични содржини