Во Јужна Африка забележано е мало слонче кое нема сурла, а тоа може да го загрози неговиот живот.

Еден посетител на Националниот парк Кругер налетал на бебе слон кое нема сурла, а по објавувањето на видеото кое го снимил зоолозите се обиделе да одгатнат што му се случило на младото животно.
За жал, немаат добри прогнози.
Стравуваат дека нема да преживее. Стручњаците велат дека мала е веројатноста да се родило без сурла, и дека најверојатно го нападнал некој предатор.
„На малото слонче сурлата можел да му ја откине крокодил додека пиело вода во езеро или го нападнал лав“, вели еден експерт.
Сурлата е пресудна за преживување на слонот затоа што животното ја користи за исхрана, пиење, за комуницирање и воочување опасност со помош на сетилото за мирис.
Тие имаат најдобро сетило за мирис од сите животни и можат да откријат вода на оддалеченост од дури 20 км. Исто така може да почувствуваат опасност како што е приближување на предатор или бура.
Слоновите и комуницираат низ своите сурли бидејќи со нив прават звуци менувајќи ја големината на ноздрите. Затоа губењето на сурлата е потенцијално опасно по живот, особено во раната доба.