Неколку дена откако пејачката Селин Дион го изгуби нејзиниот сопруг Рене Анжелил по долга битка со ракот, вчера почина и нејзиниот брат Даниел Дион, пренесе Франс прес.fc3294a45c7dff99e77b773a30decd5a

Даниел почина на 59-години после долготрајна борба со рак.

Селин и Даниел имаат уште 12 браќа и сестри. Даниел беше осмото дете во семејството.

Погребот на Рене Анжелил, пак, ќе е на 22 јануари во базиликата “Нотр Дам” во Монтреал, каде што се одржала свадбата со Селин.

Засега не се соопштува кога ќе биде погребан Даниел Дион.

Слични содржини