Захариева: Неусвоената методологија не е оправдување за ново одложување на преговорите со С. Македонија

од Aleksandar Todeski
294 прегледи

Се уште неусвоената нова методологија за проширување на ЕУ не треба да се користи како оправдување за ново одложување на одлуката за старт на преговорите со Северна Македонија и Албанија, изјави денеска министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева.

Шефицата на бугарската дипломатија, која претпладнево присуствуваше на почетокот на проектот „Иднина без пластика“ во ОУ „Димитар Миладинов“ Скопје, појасни дека постои процедура во Европската комисија во однос на новата методологија, која се разгледува и во работни групи, по што оди на усвојување во Советот на ЕУ.

– Уште минатата година кога беше предложено да се изработи нова методологија беше кажано дека тоа не треба да го стопира прцесот на проширување, уште повеќе дека новата методологија може да се применува и за земјите кои веќе го почнаа преговарачкиот процес. Се надевам дека усогласувањето и усвојувањето на методологија ќе се случи што е можно побрзо, но тоа не треба да се користи како аргумент за повторно одложување на одлуките за почеток на преговорите, истакна бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.

Таа денеска во Скопје ќе учествува на министерскиот состаноксо кој ќе биде означен почетокот на заедничкото претседателство на Северна Македонија и Бугарија со Берлинскиот процес.

Слични содржини