Захарова: Дали САД стојат зад хавариите на гасоводите на Северен тек?

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот претседател Џозеф Бајден е должен да одговори на прашањата дали САД ја реализирале својата закана да се ослободат од Северен тек и дали Вашингтон е вмешан во последните хаварии на гасоводите на системот Северен тек, изјави портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Американскиот претседател Џозеф Бајден е должен да одговори на прашањето дали САД ја извршија својата закана на 25 и 26 септември, со оглед на тоа што се случија вонредни настани на три правци на Северен тек и Северен тек 2, кои прелиминарно се квалификуваат како пукнатини на гасоводот со претпоставки дека се предизвикани од експлозии“, наведе Захарова на нејзиниот канал на Телеграм со видео од настапот на Бајден на почетокот на февруари кога тој го изговори ова предупредување:

„Ако Русија ја нападне Украина, ако тенковите и војниците ја преминат границата на Украина, тогаш повеќе нема да има Северен тек. Ќе го прекинеме. Ви ветувам, можеме да го направиме тоа“, рекол американскиот претседател, пренесува „Спутник“.

Захарова истакна дека изјавата на Бајден за намери е поткрепена со ветување.

„Треба да се сноси одговорност за кажаните зборови. Неразбирањето на кажаното не ослободува од одговорност. Европа мора да ја знае вистината“, заклучи Захарова.

Претходно денеска на прес-конференција портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков ги нарече „глупави“ тврдењата дека Русија стои зад наводната саботажа на гасоводот „Северен тек“.

Слични содржини