Училиштата во американскиот град Денвер, во сојузната држава Колорадо, денеска ќе бидат затворени додека властите се во потрага по „исклучително опасна жена“.

Осумнаесет годишната девојка Сол Пајс веројатно е опседната од масакрот во училиште во Колумбајн во 1999 година, во кој двајца тинејџери убија 12 ученици и наставници. На 20 април се навршуваат 20 години од нападот. Агентот на ФБИ Дин Фирипс изјави дека Пајс е „потенцијално опасна за околината“.
Девојката е опишана како припадничка на белата раса од Флорира, која последен пат е видена како носи маскирни пантолони, црна маица и црни чизми.
– Таа е вооружена и се смета за исклучително опасна, објави на Твитер канцеларијата на шерифот во округот Џеферсон.