ЗАКАНА ЗА РЕГИОНАЛЕН КОНФЛИКТ: Москва предупредува на последиците од нападот на Израел врз Сирија

од Vladimir Zorba

Воздушните напади на Израел на територијата на Сирија претставуваат грубо кршење на суверенитетот на таа земја и основните норми на меѓународното право, соопшти Министерството за надворешни работи на Русија и предупреди дека таквите дејствија може да предизвикаат вооружена ескалација во целиот регион.

„Според добиените информации, на 12 октомври израелските воздухопловни сили извршиле напади на територијата на Сирија. Во нападот биле оштетени пистите на меѓународните аеродроми во Дамаск и Алепо, кои ја прекинале нивната работа. Ваквите акции на Израелската страна претставува грубо кршење на суверенитетот на Сирија и основните норми на меѓународното право“, се наведува во соопштението на руското министерство.

Како што се додава, ваквите акции се крајно опасни и можат да доведат до влошување на состојбата во регионот.

„Во контекст на ненадејното влошување на ситуацијата во палестинско-израелската зона на конфликт, ваквите воени акции можат да доведат до крајно опасни последици, бидејќи можат да предизвикаат вооружена ескалација во целиот регион. Тоа во никој случај не смее да се дозволи“, велат од руската страна.

Претходно весникот „Ал Ватан“ објави дека цел на израелските сили биле аеродромите во Дамаск и Алепо во Сирија.

Претходно претставникот на израелските одбранбени сили Ричард Хат изјави дека Израел стравува од можни напади на палестински групи од Либан или Сирија.

Слични содржини