Заменичката на Јанева, Елизабета Јосифовска во петок ќе сведочи за „Рекет“

од Aleksandar Todeski
420 прегледи

Најскандалозниот случај кој ја одбележа минатата 2019 година, а во кој обвинети се поранешната Специјална јавна обвинителка, Катица Јанева и Бојан Јовановски – Боки 13, продолжува со рочиште на во петок, на 3. јануари.

Фото: Борче Поповски

На рочиштето за „Рекет“ ќе сведочи поранешната заменичка на Јанева во СЈО, обвинителката Елизабета Јосифовска, која треба да сведочи за третманот кој Катица Јанева го имала кон случајот „Империја“, во кој меѓу обвинетите е и сведокот во случајот, Орце Камчев.

Инаку до сега сведочеа бизнисменот Камчев, неговата сопруга Ана Камчева, но и друи бизнисмени. Пред судијата за она што го виделе сведочеа и поранешен новинар во сега веќе згаснатата 1ТВ, но и куќната помошничка на првообвинетиот, Боки 13.

Инаку Обинителството за гонење на организиран криминал и корупција случајот го отвори на 2. мај, а веќе на 15 јули минатата година беа уапсени првообвинетиот Бојан Јовановски и третообвинетиот Зоран Милевски – Кичеец, кој на првото рочиште призна вина и доби тригодишна затворска казна. Еден месец подоцна, на 21 август беше уапсена и екс Специјалната обвинитилека, Катица Јанева.

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција отвори и случај, продолжение на „Рекет“ за невладината на Боки 13, „Меѓународен сојуз“, а во кој освен Јовановски, осомничени се и неговиот татко, Миле Јовановски, неговата заменичка во невладината и косопственичка на 1ТВ, Јасна Мандиќ, пратеничката Фросина Ременски и личната асистентка на Боки 13, Кристина Блажевска.

За овој случај, шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Влима Русковска најави обвинение на средина на месецов.

А.Т.

Слични содржини