Заминувањето во пензија му штети на здравјето

од desk2
95 прегледи

Заминувањето во пензија доведува до депресија и го зголемува ризикот од настанување болести, се наведува во студијата „Работи подолго, ќе живееш поздраво“, на независниот британски Институт за економски студии.

Истражувањето вршено на примерок од 9.000 лица од 50 до 70 години во 11 различни европски земји, покажа дека 40 отсто од учесниците изјавиле дека по заминувањето во пензија потполно или прилично здрави. Кај 60 отсто од нив, меѓутоа, по престанокот на работниот однос зголемени се ризиците од заболување и тие редовно земаат некои лекови.

Ризикот од добивање некое сериозно ментално нарушување по заминувањето во пензија зголемен е за 40 отсто. Заминувањето во пензија е далеку постресно ос проблемите предизвикани на работното место, нагласуваат стручњаците, и предупредуваат од опасност од социјално исклучување на пензионерот, што исто така, е еден од факторите за настанување депресија.