Западен Балкан една од темите на средбата Меркел-Бајден

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот претседател Џо Бајден и германската канцеларка Ангела Меркел во четвртокот разговараа за низа теми во Вашингтон, а на нивната агенда се најдоа и земјите од Западен Балкан.

– Разговаравме и за важноста од натамошна интеграција на земјите од Западен Балкан во европските институции – рече Бајден на заедничката прес-конференција, објавено е на веб-страницата на Белата куќа.

Тој додаде дека разговарале и за поддршката за суверенитетот на Украина, како и за одбраната на американските сојузници на источното крило на НАТО од, како што рече, руската агресија.

Бајден и Меркел не успеаја да го решат несогласувањето околу рускиот гасовод „Северен тек 2“, но се согласија дека на Москва не смее да ѝ се дозволи да го користи изворот на енергија како оружје за притисок врз соседите.

Бајден исто така истакна дека Германија и Соединетите држави нема да отстапат од демократските принципи и универзалните човекови права, наспроти, како што тврди тој, потезите преземени од Кина.

Слични содржини