Започна аутопсијата на телото Слободан Праљак

од desk4

 

Холандски обвинители денеска ја почнаа аутопсијата на телото на поранешниот командант на босанските Хрвати Слободан Праљак, пренесува AFP.

Ова утро (петок, 1 декември) почна аутопсијата на телото на Праљак, објавија холандското обвинителство на една од социјалните мрежи. Сепак сè уште нема резултати. Слободан Праљак изврши самоубиство во средата и тоа испивајќи непознат отров, кој беше внесен во зградата на Трибуналот во Хаг, каде дента му беше потврдена 20-годишната казна со затвор поради злосторства извршени за време на војната во Босна и Херцеговина.

Слични содржини