Започна Самитот во Прага: „Најголем проблем е руската агресија“

од Stefanija Kuzmanovska

Чешкиот премиер Петр Фијала го отвори првиот состанок на Европската политичка заедница во Прага и рече дека Европа има многу сложени проблеми, од кои најголем е руската агресија врз Украина и дека целта на средбата е да се разговара за актуелната ситуација и контроверзните прашања во Европа и пошироко.

Тој рече дека овој формат треба да биде флексибилен и погоден за сите демократски земји.

Макрон: Да се испрати обединета порака до европскиот континент

Францускиот претседател Емануел Макрон, доаѓајќи денеска на првиот состанок на Европската политичка заедница во Прага, рече дека целта на оваа средба е да се испрати единствена порака до европскиот континент, да се има стратешки разговор кој досега не постоел и да се креираат заеднички проекти.

„Сите ние споделуваме ист простор, често и иста историја, а нашата вокација е да изградиме заедничка иднина“, им рече Макрон на новинарите.

„Би сакал денес да имаме корисен разговор, да ја ставиме оваа заедница во функција и од неа да произлезат проекти. Ќе зборуваме за безбедноста, одбранбената стратегија, енергијата, миграцијата, сето она што го сочинува секојдневието на нашите сограѓани“, изјави францускиот претседател Макрон.

Слични содржини