Застрашувачки бројки: Ова се случува во Шведска за првпат од почетокот на пандемијата

од Stefanija Kuzmanovska

Бројот на луѓе кои починале во Шведска од последиците на инфекција со коронавирус е зголемен за 351 во последните 24 часа, вкупно 10.185 од почетокот на пандемијата.

Според Генералниот директорат за јавно здравје, бројот на случаи на инфекција во земја со 10 милиони жители е зголемен за 6.580 во последните 24 часа, на 518.783.

За првпат во земјата од почетокот на епидемијата, за еден ден починаа 351 лице.

Еба Буш, лидерот на опозициските демохристијани во Шведска, го повика премиерот Стефан Лофвен да поднесе оставка, наведувајќи дека стратегијата за „имунитет на стадо“ не успеала.

Слични содржини