Застрашувачки топлотен бран се шири од Африка кон јужна Европа

од Stefanija Kuzmanovska

Застрашувачки топлотен бран се шири од северна Африка кон јужна Европа, напиша синоќа на Твитер шкотскиот метеоролог Скот Данкан.

Имено, како што изјави Данкан, вчера во главниот град на Тунис била измерена температура на вртоглави 49 степени Целзиусови, што го собори рекордот. Просечната температура во Тунис е околу 30 Целзиусови степени во август, а вчера беше соборен рекордот од јули 1943 година, кога беа измерени 47,4 степени, пишува „Јутарњи.хр“.

Рекордно високи температури беа измерени и во северните градови Бизерте и Беја во вторникот.

Во некои делови на земјата, високите температури предизвикаа прекин на електричната енергија бидејќи луѓето ја преоптоваруваа електричната мрежа користејќи климатизери, а пожари избија во некои планински делови на Тунис.

Денеска се очекуваат температури од 40 степени Целзиусови.

– Ова е само почеток на страшниот топлотен бран, напиша тој, додавајќи дека вчера на Сицилија била измерена температура од дури 47 степени.

Скот Данкан пишува дека следува страшен топлотен удар во Шпанија.

Слични содржини