Актуелно
Почетна / Локално / Заврши реконструкцијата на улицата Александар Урдаревски во општина Бутел (ФОТО)

Заврши реконструкцијата на улицата Александар Урдаревски во општина Бутел (ФОТО)

Со ноќно бележење на хоризонтална сообраќајна сигнализација, викендов заврши реконструкцијата на улицата Александар Урдаревски во општина Бутел, на потегот од кружниот тек на улицата Боца Иванова до крстосницата со улица Бутелска, во должина од околу 800 метри, соопшти градот Скопје.

На овој потег од улицата, целосно е отстранет стариот и оштетен асфалт од коловозот и е поставен нов асфалтен слој. Претходно беше изведена комплетно нова атмосферска канализација и другите подземни инсталации.
Оваа фреквентна улица во Бутел е една од најважните сообрајници за граѓаните од таа општина, кои во голем број секојдневно се движат и поминуваат по овој дел од улицата Александар Урдаревски.

Градот Скопје ја продолжува праксата реконструкциите на сите улици оваа да ги завршува во најбрз можен рок за да се олесни одвивањето на сообраќајот, без да се создава метеж.

Реконструкцијата на улицата „Александар Урдаревски“ е една од низата коишто се реализираат во овој период во насока на обезбедување побрз, побезбеден и поефикасен сообраќај во нашиот град, а градежната офанзива за изградба и реконструкција на градските сообраќајници со иста динамика ќе продолжи и во наредниот период во сите скопски општини.

loading...