Зеќири: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги споредуваат работниците во администрацијата со глувци

од Nikola Popovski

Пратеничката на СДСМ, Белкиса Зеќири при реплика од собраниската говорница реагираше на „срамното однесување на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои ги навредуваат работниците во администрацијата и пратеницте и ги споредуваат со глувци“, велат од партијата.

-Ако ние сме глувци, тогаш што сте вие пратениците од ВМРО-ДПМНЕ – робови. За кого робувате овде, да го спасите лузерот. Тоа е човекот што ќе ви остане запаметен како најголемиот губитник во историјата на ВМРО-ДПМНЕ. Можете вие од тука да се тепате и до 2 до 3 и цела ноќ да седиме и ќе седиме, а тој нема да биде на висока функција. Тогаш не знам дали вие ќе останете без мачор, бидејќи губитникот секако ќе ви оди од палатата, нагласила Зеќири.

Додала дека „ВМРО-ДПМНЕ ги боли тоа што Алијанса не најде плодна почва, односно не им поверува, не ги убеди дека оваа држава со ВМРО-ДПМНЕ на власт ќе биде подобра“.

-Полна ви е устата со луѓето кои се иселија. Знаете зошто изгубивте во Маврово и Ростуше, затоа што граѓаните си отидоа, оти немаа услови за живеење им давате по 9.000 денари плата и на секои две години на избори мораа да ви носат гласови и да ви робуваат. Доказ за вашето владеење е и шамарот што го добивте од Стразбур. Треба да се засрамите од одлуките на вашите полтрони, за да ги спасите вашите криминалци, порачала Зеќири.

Слични содржини