Зеќири: ДУИ е карцином на општеството

од Aleksandar Todeski
434 прегледи

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зеќири во интервју за „Косова Прес“ вели дека е крајно време албанската опозиција да се обедини и да го даде последниот удар на Демократската унија за интеграција со испраќање во опозиција.

„ДУИ е карцином на општеството и веќе ги тера Албанците да изберат да избираат други луѓе што ќе ги претставуваат во институциите. СДСМ не ја исклучува можноста за преговори со албанските партии пред изборите“, вели Зеќири.

Според него, ДУИ нема понудено нешто ново на граѓаните и тие се свесни за тоа. Вели, партијата на Али Ахмети треба да се запомни како политички субјект кој изгубил 50% од електоратот за само две години, од 20 пратеници во претходниот собраниски состав на 10 десет во овој состав.

„Гледајќи ја ситуацијата на теренот, гледам дека расположението е Албанците да изберат други претставници наместо ДУИ да ги претставуваат на власт. Тоа е партија која е на власт повеќе од 17 години, што досега не се случило на ниту еден политички субјект и очајот на граѓаните, особено Албанците кон ДУИ е огромен. Ова е последен пат за граѓаните и самата албанска опозиција, да се обединиме и ако може симболично да се рече, дајте му го последниот удар на ДУИ и да заврши во опозиција “, вели Зеќири.

Тој смета дека на изборите на 12 април Албанците ќе го имаат заслуженото место во СДСМ, каде очекува да има повеќе Албанци на избирачките списоци отколку во 2016 година.

 

Слични содржини