Зеленски именува нов командант на копнените сили

од Milan1
35 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го именуваше генерал – мајор Михаил Драпатиј за нов командант на копнените сили на Украина. Драпатиј ќе го замени Александар Пављук, кој ја извршуваше функцијата од февруари во 2024 година, пренесува „Киев Индепендент“.

Зеленски упати пофални зборови за Драпатиј за неговата улога во организирање на одбраната на областа на Харков.

Драпатиј беше командант на 58-та одвоена моторизирана пешадиска бригада на Украина од 2016 година до 2019 година. Од мај месец оваа година беше на чело на оперативната група во областа на Харков, а од септември ја презеде и оперативната и тактичка група на силите на подрачјето на Луганск.

Слични содржини