Зеленски на Денот на бранителите: „Украина ќе ја победи Русија“

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Украина Владимир Зеленски денеска по повод Националниот ден на бранителите изјави дека Украина ќе ја победи Русија и ќе биде слободна земја.

Во видеото на официјалната веб-страница, Зеленски им се заблагодари на украинските вооружени сили за одбраната на земјата.

Украинските сили постигнаа напредок во последните недели.

Русија изврши воздушни напади врз градовите низ Украина во кои загинаа повеќе од 100 цивили и беа погодени енергетски објекти.

Слични содржини