Украинскиот претседател Володимир Зеленски смета дека не треба да му се извини на американскиот претседател Доналд Трамп по нивната кавга во Белата куќа , но нагласи дека го почитува претседателот на Соединетите Американски Држави.
Зеленски на прашање од Фокс њуз дали мисли дека должи извинување одговори:
„Не, го почитувам претседателот и го почитувам американскиот народ, мислам дека треба да бидеме многу отворени и многу искрени. Не сум сигурен дека направивме нешто лошо“, пренесува агенцијата ДПА.
Според зеленски ваквиот однос не носи мир и нема да ги реши проблемите кои ги има неговата држава, а исто така оцени и дека Трамп греши кога тврди дека тој никогаш нема да сака да потпише договор со рускиот претседател Владимир Путин, но смета дека притоа Украина мора да биде во силна позиција, пренесува Ројтерс.
Зеленски потврди дека на Украина ќе ѝ биде тешко да ѝ се спротивстави на Русија без американската поддршка и потврди дека неговиот однос со Трамп може да се спаси. Потенцираше дека сака Трамп да биде „повеќе на украинска страна“.