Зеленски: Руските ракети кои прелетаа над Романија и Молдавија се предизвик за НАТО

од Stefanija Kuzmanovska

Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска изјави дека неколку руски ракети денеска прелетале над Молдавија и членката на НАТО Романија и дека тоа е предизвик за Северноатлантската алијанса и колективната безбедност.

„Досега, во текот на денот, непријателот лансираше најмалку 70 проектили во уште еден масивен напад врз Украина. Неколку руски ракети прелетаа низ воздушниот простор на Молдавија и Романија. Тоа се предизвици за НАТО и колективната безбедност. Овој терор може и мора да се запре “, рече Зеленски, пренесува „Ројтерс“.

Малку порано, како што јави руската новинска агенција ТАСС, романското министерство за одбрана соопшти дека нивните радари денеска откриле руски ракети, но дека тие во „ниту еден момент“ не влегле во воздушниот простор на Романија.

Слични содржини