Земан: Терористите можат да создадат европска база во Босна

од Vladimir Zorba
87 прегледи

По поразот над “Исламска држава”, терористите можат да создадат база во Босна, што ќе биде отскочна штица за напади во Европа.


По поразот над “Исламска држава”, терористите можат да создадат база во Босна, што ќе биде отскочна штица за напади во Европа. Ова го изјави во интервју за телевизијата “Blesk” чешкиот
претседател Милош Земан.
“Покрај тоа, исламистите ќе се активираат во Авганистан, каде што имаат поголема шанса за успех”, истакна тој.
Според него, во Босна џихадисти имаат многу поддржувачи. Ако предвидувањата му се обистинат, европските земји ќе треба да реагираат на нова терористичка закана.
“Треба да се преговара со лидерите на Босна и Херцеговина за тоа како да се намали опасноста од терористички база во земјата”, изјави Земан.  Според него, со ова прашање треба да се ангажира Советот на Европа. / ТАСС