Земете ja Спутник V, му препорача Путин на Ердоган

од Nikola Popovski

Вчера, рускиот претседател Владимир Путин му препорачал на својот турски колега Реџеп Таип Ердоган да ја користи руската вакцина Спутник V како дополнителна доза против Ковид-19, а Ердоган му се довери дека ја примил Фајзер.

Двајцата лидери се сретнале на разговорите во Сочи во резиденцијата на Путин.

Путин, кој штотуку излезе од двонеделен период на изолација поради жариштето на инфекција во неговата опкружување, рече дека не се заразил, иако цел ден го поминал со заразен колега.

„Имам високо ниво на антитела, фала му на Бога што имам среќа“, рече Путин (68) во разговор со Ердоган пред вилата, според снимката што ја пренесе руското претседателство.

„Кога ќе треба да се вакцинирате следниот пат, направете го тоа навреме со Спутник“, рече Путин, а Ердоган одговори дека веќе добил бустер доза со „Фајзер“.

„Тогаш следниот пат“, одговори Путин.

Слични содржини