Земји со највисок стандард на живот

од Vladimir Zorba
249 прегледи

 

Светски индекс покажува каде се чувствувате најдобро,  каде е добро за учење  за  лекување, каде си опуштен…   
1471069206-11
Организацијата Social Progress Imperative  ја објави годишната листа за највисок квалитет на живот. На чело се многу држави од Скандинавија, а првите 20 места се заземени   од развиени земји со повисок животен стандард.
1. Финска: Највисок е нејзиниот  рејтиг по критериуми задоволување на основните човекови потреби (здравство, хигиенски услови, домување), основи на благосостојбата (едукација, пристап до технологија), по времетраење на живот и човечки слободи. Ако тргнете за таму сепак, облечете се дебело – температурата паѓа до минус 50 степени Целзиусови.
2. Канада: 35-милионското население на оваа огромна земја е едно од најпознатите  во светот. Здравство е најсилната нејзина страна. Образованието и можностите за реализација се исто така импресивно добри. Скромниот број  на население на Канада е една од најпознатите социјални држави  во светот.
3.Данска: Социјалната мобилност и еднаквост во приходите се меѓу најдобрите во светот. Основните човекови потреби се задоволени, но не на врвно ниво. Од здравството и времетраењето на живот може да се бара  уште.
4. Австралија: Фантастична едукација, можности за работа и голема лична слобода – не случајно толку многу луѓе сакаат да се преселат таму. Заостанува сепак толеранција и интеграција на дојденците.
5. Швајцарија: Таму се едни од најскапите градови во светот, но цената се исплаќа – земјата блеска во здравството, квалитетното исхрана и пристапот до образование.
6. Шведска: Вода во изобилство, високо ниво на здравствена заштита и хигиенски услови. Одличен е и по квалитет на исхрана и човекови права.
7. Норвешка: првенец во квалитет на исхрана, основни медицинска нега и образование. Пример за подражавање на земји надвор од ЕУ.
8. Холандија: Една од најпознатите толерантен земји со најголеми лични слободи и права на избор – ова се нејзините главни заслуги.
9. Британија: Се реди   меѓу првите места поради добрата  базна  медицинска нега, квалитетното образование и елитните училишта.
10. Исланд: Задоволува  со одлични основните човекови потреби, има и висок бруто домашен производ по глава на жител.
11. Нов Зеланд: Со истиот индекс како Исланд, оваа “најмлада држава во светот”, како што самата се рекламира , е и една од најубавите. Таа е меѓу малкуте останати вилаети “на големите можности” – работните места таму се во изобилство, бидејќи жителите се малку.
12. Ирска: Британцитекои  бегаат  од Брекзит, ќе откријат таму одлични задоволување основни човечки потреби и плодна почва за добри потенцијални инвестиции.
13. Австрија: Виена е културна престолнина на Европа, а австриските патеки  ги привлекуваат скијачи од целиот свет. Не му фали ништо  и  на животниот стандард – земјата е 14-та економија во светот според ММФ.
14.Јапонија:  Во последнава деценија земјата направи неверојатен општествен напредок, особено во работните права на жените. Но таму се уште има многу малку имигранти и висок процент на самоубиства на луѓе под 30 година
15.Германија: Изненадувачки назад на листата, но висок рејтинг во приопштувањето на странци. Во последниве месеци таа усвои над милион бегалци, но прашањето е дали инфраструктурата  може да го поднесе.
16.Белгија: Како земја домаќин на управата на ЕУ, постигна извонреден социјален напредок. Таа покажа дека понекогаш, ако си помала држава, е полесно да се грижиш за жителите .
17. Шпанија: Една од најпознатите туристички зони во Европа. Има силен   социјален  систем и добар баланс работен иприватен  живот. Високата невработеност кај младите сепак притиска на животниот стандард на многу од поданиците.
18. Франција:  За многумина таа е бастион на слободата, но не се рангира добро по критериумите “толеранција и интеграција”. Уште полошо е во областа на можностите за реализација.

19. САД : Презентацијата на оваа суперсила е разочарувачки – последна е во дваесетеката , коментираат од Social Progress Imperative. Моќната економија на државата не се трансформира во социјален напредок за многу од нејзините граѓани.