Земјите од регионот со донации за обнова на Албанија

од Aleksandar Petrovski

На донаторската конференција, која во Брисел се одржува под мотото „Заедно за Албанија“, средства за обнова на земјата донираа и земјите од регионот, кои веднаш ја искажаа нивната солидарност, објави Топ чанел.

Според специјалниот известувач од Брисел, Италија ќе и додели на Албанија 65 милиони евра за санирање на последиците од земјотресот, Србија два милиони евра, Република Северна Македонија шест милиони денари, Црна Гора 500 илјади евра, што заедно со претходната помош изнесува 750 илјади, а Косово 200 илјади евра.

Словенија донира 300 илјади евра за изградба на училиште во погодените подрачја, додека Бугарја 100 илјади евра. Бугарија планира и 375 илјади евра за други проекти во текот на 2020 година за изградба на патишта, училишта и социјална инфрастрктура.

Топ чанел пренесува дека Турција ќе изгради 500 индивидуални куќи во Лач, во вредност од 45 милиони евра. Таа ќе донира и 100 илјади евра за санација на џамии.

Хрватска ќе донира еден милион евра, додека Грција 2,5 милони евра.

Слични содржини