Земјотрес од 4,2 степен според Рихтеровата скала утрово го потресе морскиот регион во близина на островот Родос, пишува атинскиот сеизмички институт.

Епицентарот на потресот бил на околу 100 километри јужно од административниот центар на Родос, на длабочина од 10 километри. Нема податоци за настрадани луѓе и нанесени материјални штети.