429
Земјотрес со јачина од 4,7 степени ги стресе грчките окрузи Еторија-Акарнанија, Ахаеја и Фокис на југот и западот на земјата кратко по полноќ, објави атинскиот Гоодинамички институт.
Епицентарот бил на 14 километри од градот Егио во областа Ахаеја на Пелопонез, на длабочина од 4,3 километри, пренесува АНА.
Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар објави дека јачината на земјотресот е 4,9 степени.
Последователен земјотрес со јачина од 4,3 степени се случи во истата област 30 минути по првиот.