Земјотрес со јачина од 3,3 степени ја погоди Србија: „Се нишаа зградите“

од Stefanija Kuzmanovska

Умерено силен земјотрес ја погоди Србија денес пред пладне, пренесува „Курир“.

Според ЕМСЦ, магнитудата изнесувала 3,3, а епицентарот бил во близина на Крагуевац.

Многу граѓани веднаш ја отворија апликацијата на ЕМСЦ и ги споделија своите впечатоци.

„Изненадување, кратко беше, не беше силно, но ме помести од креветот“, „Мојот кревет се тресеше“, „Се слушна тивка бучава и потоа се тресеше фотелјата“, „Се нишаше зградата“, се само дел од коментарите на апликацијата на ЕМСЦ.

Слични содржини