Ждрепката за квалификациите за ЕП 2024 на 9 октомври следната година

од Vladimir Zorba

Европската фудбалска централа (УЕФА) го одреди датумот на ждрепка за квалификациите за ЕП 2024 година.

Ждрепката за квалификациите за ЕП 2024 ќе се одржи на 9 октомври 2022 година во Франкфурт.

„Ждрепката во Франкфурт ќе ги отвори сите патишта што на крајот водат до Европското првенство во Германија. Веќе со нетрпение ги очекуваме квалификациите и им посакуваме среќа на сите репрезентации за да дојдат најдобрите меѓу нас на ЕП 2024“, изјави кратко Филип Лам, директор на турнирот.

Квалификациите за Европското првенство 2024 година ќе се одиграат во периодот од март до ноември 2023 година. Иако нема официјална потврда за форматот и системот на квалификации, не се очекуваат промени, така што 54 земји ќе бидат поделени во десет квалификациски групи. Германија како домаќин обезбеди пласман на завршниот турнир.

Двете најдобри екипи од секоја група ќе обезбедат директно место на ЕП 2024, преостанатите три места на турнирот ќе бидат пополнети преку баражи во зависност од резултатите на следниот турнир во Лигата на нации, така што треба да ги знаеме сите учесници на Европското до март 2024 година.

Следниот турнир во Лигата на нации ќе се одигра во јуни и септември следната година, ждрепката за групи ќе се одржи на 16 декември 2021 година.

Слични содржини