Монументалната Statue of Unity од 182 метра ќе биде довршена следната недека се што Индијците ќе ги надминат Кинезите со Буда од 54 метри.

Во чест на железниот човек Сардар Валабхаи Пател, кого Индијците го сметаат за олицетворение напатриотизмот, национализмо и служењето на народот потрошено е 1.850 тони бронза.
Амбиционзиот проект е најавен уште во 2010 година, а Индијците на него потрошија околу 360.000.000 евра.
До монументалниот водач на индиското национално движење и основач на Република Индија на островот Садх ќе води долг мост преку реката Нармади, апосетителите може да се задржат и во музејот и да дознаат нешто повеќе за Железниот човек.
Освен споменикот кој е два пати повисок од Кипот на слободата се планира и изградба на хотел, спомен-градина и други содржини за дестинацијата да стане што поатрактивна за посетителите од сите краеви на светот.
Зад проектот стои Turner Construction (познат по Бурж Калифа во Дубаи) и Michael Graves Architecture & Design.