Турската полиција уапси маж, кој ја удирал во лицето млада жена која го носела кратки пантолони, во автобус во Истанбул, пренесува AFP, цитирана од “Фокус”. Органите на редот извршиле апсење со притвор во саботата во кварт од азискиот дел на градот. Осомничениот викал: “Оние кои носат кратки пантолони, треба да умрат!” Подоцна тој објаснил пред полициските службеници дека бил лут поради нејзината облека.

“Шорцевите кои таа ги носеше не беа соодветни. Затоа бев лут и се однесував така “, дополнил напаѓачот.