Жената и бебето починале: ФОТОГРАФИЈАТА која победи на натпреварот World Press Photo

од Stefanija Kuzmanovska
188 прегледи

Фотографија од жена во доцна бременост која ја спасуваат од уништено породилиште во украинскиот град Мариупол победи на престижниот меѓународен натпревар World Press Photo.

Украинскиот фотограф Јевгениј Малолетка ја освои првата награда за фотографија, објави жирито во Амстердам.

Фотографијата направена на 9 март 2022 година за новинската агенција АП ги шокираше луѓето ширум светот.

Жената и бебето починале

На неа се гледа како повредена жена, во доцна бременост, ја изнесуваат на носилки од бомбардирано породилиште.

Жената и детето по кратко време починале.

„Оваа фотографија го долови човечкото страдање предизвикано од руската инвазија на Украина“, изјави претседателот на жирито Брент Луис.

„Смртта на трудницата и детето сумира голем дел од оваа војна и можните намери на Русија. Тоа е како да се обидуваат да ја убијат иднината на Украина“, додаде тој.

Слични содржини