Жените во просек трошат четири месеци размислувајќи што ќе облечат за на работа

од desk2
134 прегледи

Жената во просек минува четири месеци размислувајќи за тоа што ќе носи на работа, покажа најновата студија.

Во просек, жените 14 минути дневно размислуваат за тоа што да облечат за на работа, што е еквивалентно на два и пол дена во годината. Според тоа, во просечен работен век од 47 години жените поминуваат 119 дена пред орманот.

Повеќе од една третина жени признале дека чувствуваат притисок кога станува збор за облекување на работа, а 76 отсто испитани жени признаа дека тешко се одлучуваат што е прикладно, а што не.

Помалку од половината испитани признале дека непостоење на кодекс на облекување на нивното работно место дополнително им ја отежнува одлуката.

„Оваа студија навистина укажува на тоа колку работничките се грижат за тоа што носат и што зборува за нив облеката што ја носат“, вели Дејвид Клифт кој ја спровел студијата

Дури 28 отсто жени признаа дека се соочуваат со несакани коментари кога на работа ќе дојдат со пирсинг или со тетоважа, а 16 отсто се соочиле со грди коментари поради облеката, а 28 отсто жени поради шминката.

Една од десет испитани жени пратени се дома да се пресоблечат откако се појавија во облека која нејзините работодавачи ја сметаат за неприкладна.

Девет отсто жени признаа дека апсолутно немаат никакво чувство што сака нивниот работодавец да носат. Заради лежерниот начин на облекување 23 отсто од жените биле прашани дали се уморни, 20 отсто дали се мамурни, а 13 отсто дали се болни.

Дури 88 отсто од жените никогаш не морале да се грижат за кодексот на облекување на работа. Според резултатите од оваа студија, мажите во просек трошат по 10 минути за да одлучат што ќе носат на работа.