Актуелно
Почетна / TOP NEWS / Жесток удар за христијанскиот свет: Аја Софија повторно станува џамија

Жесток удар за христијанскиот свет: Аја Софија повторно станува џамија

Државниот совет на Турција едногласно изгласа да го смени статусот на музејот Аја Софија“ во џамија, напиша турскиот новинар Раџип Сојлу на својот профил на Твитер, повикувајќи се на извори во владата на земјата.

Според него, промената во статусот на црквата треба да биде официјално објавена на 10 јули.
На 2 јули беше објавено дека турските власти размислуваат за промена на статусот на Аја Софија. Тогаш беше наведено дека, според најновите истражувања, околу 70 проценти од турските испитаници го одобруваат решението таа да се претвори во џамија.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео, како и Руската православна црква, се спротивставија на промената на статусот на оваа туристичка атракција. Државната Дума на Русија поднесе жалба до Големото национално собрание на Турција во врска со Аја Софија.

Црквата Света Софија е осветена на 27 декември 537 година. Тоа беше најголемиот храм на светот околу илјада години, но подоцна беше претворен во главната џамија на Отоманската империја. Таа има статус на музеј од 1935 година, а во 1985 година беше призната како споменик од светско културно наследство на УНЕСКО.

loading...