Жителите на Москва зачудени: Хеликоптери над Кремљ и носат мистериозен товар

од desk2

Жителите на Москва, во текот на вчерашниот ден, останале зачудени откако биле забележани неколку хеликоптери како носат товар над Кремљ.


Руските власти не соопштија официјално дали ќе има летови над Кремљ, па голем број од локалните жители останаа зачудени, затоа што не се гледа често хеликоптери да летаат над Кремљ, посебно не хеликоптери кои што носат товар.

На снимката објавена на Инстаграм може да се видат два хеликоптери од типот „Ми-8“, а еден од нив носи товар.

Инаку, како што пренесуваат руските медиуми, летовите над „срцето на Москва“ се речиси секогаш забранети.

https://www.instagram.com/p/BqewxJblpml/?utm_source=ig_embed

Слични содржини