(ЖИВО) Бујар Османи од седиштето на ДУИ во Чаир: Надминавме една важна препрека сега да ги усогласиме програмите и ресорите!

од Vladimir Zorba
128 прегледи

 Сега следува усогласување на влада меѓу двете партии, и усогласување на програмите на двете партии, кои беа промовирани за изборните кампањи на владеење и управување на државата , според поделба на ресорите.

Попладнево изјава на портпаролот на ДУИ, Бујар Османи од седиштето на Демократската унија за интеграции во Чаир, пренесе А1Он.
Официјално, централното претседателство на ДУИ вчера даде поддршка на предлог законот за употреба на албанскиот јазик. Од ДУИ претходно кажаа дека тоа е услов пратениците од ДУИ да дадат потпис за лидерот на СДСМ, Зоран Заев да го земе мандатот од Ѓорге Иванов за состав на Влада. Тоа како главно прашање е надминато.
Сега претседателот Али Ахмети има статутарно право да го даде мандатот на Зоран Заев, и без да го свика претседателството.
Следното  е усогласување  да се помине во следните фази и разговори.
Сега следува усогласување на влада меѓу двете партии, и усогласување на програмите на двете партии, кои беа промовирани за изборните кампањи на владеење и управување на државата , според поделба на ресорите.
Тоа го решеваме утре исто така во продолжение на седницата на централното претседателство и  секако во комуникација со СДСМ.

Слични содржини