Пронајдено е тричленото семејство од Јагодина, Србија по кое од вчера се трагаше по веста дека исчезнале. Тие се живи и здрави.
Се јавија. Фала богу што се здрави и живи и уживаат во одморот, потврдил за српските медиуми извесен Миле Стефановски, кој од почетокот бил инволвиран во овој случај и вчера бил вклучен во потрагата по семејството.
И во Фејсбук групата „Grcka info“, која вчера ја објавила веста за исчезнувањето, било потврдено дека семејството е безбедно.
„Девојчето се јави дека се е во ред и дека немаат интернет, но бабата тоа не го слушнала од нејзините родители. Пријавено е и во полиција овде во Грција. Кога ќе се слушнеме со родителите на девојчето, ќе објавиме нови информации“, се наведува.
Како што е објавено, семејството се наоѓа во Лименарија, на грчкиот остров Тасос. Им се скршил екранот на телефонот на кој користат Вибер, па затоа не биле во можност да се јават.