Жолти налепници за хаварисаните возила: Aко сопственици не ги отстранат, општина Чаир има план

од Берта Китинска

Општина Чаир со жолти налепници ќе ги предупредува граѓаните за да ги отстранат хаварисаните моторни возила.

„Во координација со ЈП „Шкупи Вјетр“ започнавме со реализација на постапката за отстранување на напуштени и хаварисани моторни возила, приколки и слично од јавните простории на територија на Општина Чаир. Во текот на денешниот ден, ангажираниот работен тим и општинските инспектори во согласност со одобрената регулатива за ова прашање, ги поставија предупредувањата на возилата кои се предмет на акцијата, давајќи рок од 8 дена за нивно отстранување од страна на самите сопственици. По истекот на овој предвиден рок, ќе следат други механизми за отстранување на овие возила од јавните простории во согласност со регулативата од страна на нашите служби до нивното целосно отстранување, соопшти преку Фејсбук објава градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.

Слични содржини