Женскиот ракометен македонски првак Вардар несреќно загуби вечерва на гостувањето во Угарија кај Ѓер со гол примен со звукот на сирената. До конечната победа од 28:27 во дуелот од 5.коло од Лигата на шампионите, Ѓер дојде со подобра игра во второто полувреме, откако првото им припадна на вардарки со 17:14.
Како клучна се покажа серијата од 7:1 што унгарскиот шампион ја направи во првите 11 минути од второто полувреме. Некаде на средината на вториот дел домашниот тим имаше четири голови разлика, но „црвено-црните“ успеаја резултатски да се вратат, а во последната минута и да изедначат.На 12 секунди пред крајот беше исклучена Андреа Пенезиќ, а предноста од ракометарка повеќе ја валоризира Хајди Локе со голот во последните моменти од натпреварот.
Кај Вардар три ракометарки имаа по четири гола, Сираба Дембеле, Татјана
На табелата во Ц-групата Ѓер води со осум бодови, два повеќе од Вардар и Митјиланд, Хипо е без бодови./MIA