Жугиќ: Не е вистина дека не сум сакала да го напуштам кабинетот, сменета сум притивзаконски, ќе се жалам!

од Vladimir Zorba
106 прегледи

Разрешената директорка на НУ Театар Комедија – Скопје, Јелена Жугиќ во изјава за Макфакс рече дека не е вистина тврдењето дека не сакала да го напушти кабинетот по разрешувањето од страна на министерот за култура Роберт Алаѓозовски.

„Заминав поради приватни обврски, а клучевите ќе ги предадам денес во 18 часот на новата директорка. Инаку, сметам дека одлуката е противзаконска бидејќи тоа што е наведено како причина од Министерството за култура дека сум работела противправно не е вистина и откако ќе се вратам од одмор ќе ги разгледам можностите за обжалување на таа одлука. Сметам дека таа е политички мотивирана заради мојата партиска припадност која ми е загарантирана со уставот и не смее да биде пречка во извршување на професионалните задачи“ – изјави за Макфакс Јелена Жугиќ.