Зиков: Сите мислат дека „пропаднал светот“ после резултатите од пописот

од Nikola Popovski

Ако ги следиме реакциите на експертите од надвор како на пример тој од Словенија, тој и дефинираше дека е направен според европски стандарди. Немаме причина да не му веруваме. Сметам дека е успешен. Тоа што сега од него правиме политика за други цели е веќе наша работа. Можеби некој притиска да има предвремени избори, па сега од тоа ќе генерира политички поени. Забелешки може да имате, но да кажете дека треба да има нов или дека е неуспешен не е во ред, вели политичкиот аналитичар Љупчо Зиков во емисијата „Само вистина“, коментирајќи ги реакциите после резултатите од пописот.

Според него, логички е сите етнички заедници да имаат забелешеки, особено помалите.

-Треба да се средат некои прашања и да се дообјаснат некои работи околу пописот. Мој впечаток е дека сега оваа галама дека „пропаднал светот“ после резултатите на пописот, не соодветствува со процесот на пописот и периодот пред пописот. Ризикуваме премногу вадејќи темите од етнички карактер во врска со пописот. Партиите треба да се вразумат, рече Зиков.

Слични содржини