Во надворешните базени на бањата Aqua Dome температурата е од 33 до 36 степени Целзиусови, а на располагање се и масажи, сауни како и посебно осмислени третмани за мажи.
Бањите Aqua Dome се најубав спа ресорт на Алпи се осмислен така што гостите веќе на влезот забораваат на стресната секојдневица. На располагање се 12 затворени и отворени базени, седум сауни и четири кафулиња и ресторани.
Aqua Dome се простира на 22.000 метри квадратни, а се омилена дестинација во текот на целата година. Се наоѓаат во тирол, на околу два часа од Минхен покрај скијачките центри Солден и Обергургл – Хокгургл.
Бањата со чист воздух со поглед на снежните врвови во лековити базени со температура од 33 до 36 степени е доживување кое не може да се опише со зборови, токму како и опуштеноста по масажите и третманите со сол од Мртвото Море, бранотерапија или детоксикација со лековити билки. Мажите може да бираат меѓу неколку третмани осмислени специјално за нив.