Трендот започна пред две години, а Швеѓаните го подигнаа на повисоко ниво со основање плогинг клубови ширум земјата. Приказната брзо се рашири поддржана од кампањата за чистење на океаните.

Сакате да трчате? Ви значи екологијата? Ако двата одговори се да, тогаш плогинг е вистинскиот поим за вас. Имено, тој вклучува трчање и чистење, па додека трчате го собирате ѓубрето.
Најдобро од се е што може да плогирате каде и да сте во светот, и да се грижите за околината на глобално ниво.