Иако понекогаш знае да биде многу незгодно да се разбудите во состојба на ерекција, треба да знаете дека тоа е исклучително позитивен знак кога зборуваме за вашето општо здравје.

Всушност, ако подолг временски период се будите без ерекција, тоа може да биде сигнал дека имате некои уролошки проблеми и треба што побргу да се консултирате со доктор.
Како што пишува порталот „Men’s Health“, присуството на ерекција во текот на ноќта е важен показател како функционира вашето тело.
Што доведува до ерекција во текот на ноќта?
Ерекциите се создаваат со стимулирање на парасимпатичкиот нервен систем. Кога ќе видите, почувствувате или ќе слушнете нешто што е сексуално атрактивно, се ослободуваат невротрансмитери во вашиот мозок, што води до дилатација на артериите во пенисот. Дилатацијата на крвните жили се овозможува со проток на големи количини на крв во пенисот, што го прави поисправен.
Парасимпатичкиот нервен систем е поактивен кога спиете, што покрај создавањето на ерекции, исто така предизвикува и опуштање на мускулите и забавување на работата на срцето. Уште една причина поради која можете да се разбудите во состојба на ерекција е тестостеронот, кој веројатно ќе ви биде на највисоко ниво во текот на утрото.
Дали се нормални утринските ерекции?
Според зборовите на урологот Адам Рамин, здрав човек треба да очекува ерекција од три до пет пати во текот на ноќта. Ако тоа не се случува, тоа може да биде јасен знак за некое нервно заболување, артериска болест, хипертензија, дијабетес, ниска концентрација на тестостерони или депресија и анксиозност.
Од друга страна, постојат и таканаречени психолошки и физиолошки ерекции. Ако не сте во можност да постигнете ерекција при секс, а ви се случуваат во текот на ноќта, тоа е доволен знак дека треба да посетите сексуален терапевт од причина што можеби имате само психолошки ерекции.
Која е целта на утринските ерекции?
Иако утринските ерекции немаат никаква специфична функција, тие се најдобар показател дека вашиот пенис правилно функционира. Појавата на ерекцијата која ја добивате во текот на ноќта преставува еден вид на несвесен режим на вежба за вашиот пенис, помагајќи неговото ткиво да се растегнува и собира за да биде подготвено за однос кога тоа ќе го посакате.
Што можете да направите ако немате утрински ерекции
Според мислењето на урологот Адам Рамин, ако барем понекогаш не се будите со утрински ерекции, можеби треба да посетите доктор. Поточно, ако еден или два месеци поминуваат без никакви случувања во текот на ноќта, веројатно ви треба стручна помош. Како најчеста медицинска причина за недостатокот на утрински ерекции се наведува недостатокот на тестостерони.