Зошто Кавани не го сака Неjмар? Погледнете ги нивните плати!

од Vladimir Zorba

Францускиот весник „Екип“ ги откри платите на најголемите ѕвезди во локалното првенство и од нив се гледа дека Нејмар е многу над останатите.

Напаѓачот на Париз Сен Жермен зема нешто повеќе од 3 милиони евра месечно. Вториот – Единсон Кавани, добива околу половина од ова – 1.54 милиони евра. Очигледно е дека меѓу нив не е се во ред, иако тврдат дека односите им се одлични. Огромната разлика во парите веројатно е водечка причина.

Во првите 13 има 12 играчи на ПСЖ, што е доказ за финансиската моќ на парижаните. Единствено Радамел Фалкао од шампионот Монако се вметнува во оваа група со своите 750.000 евра месечно, што му ја дава 9-тата позиција.

Освен Неј и Кавани уште четворица од ПСЖ се радуваат на месечни примања од најмалку 1 милион евра – Килијан Мбапе, Тиаго Силва, Анхел ди Марија и Маркињос.

Во меѓувреме, Тома Ломар од Монако, проценет на 100 милиони евра, добива 30 пати помалку од Нејмар.

Тимот од „Парк де Пренс“ е убедлив лидер во Лига 1 со 11 поени пред вториот Олимписки Марсеј.

Слични содржини