Зошто на погребната облека на Викинзите има напишано Алах и Али?

од desk2
94 прегледи

Шведски истражувачи, по долго време, на облеката на Викинзите кои починале, нашле испишани Алах и Али, па се поставува прашањето за тесната поврзаност на Викинзите и Исламскиот свет.


Костимите од свила најдени во гробови на вода и во капели чувани се во магацини со декади, а се верува дека се типична облека при погреб од времето на Викинзите, се додека археологот Аника Ларсон од блиску не го разгледала везот.
Имено, на облеката се испишани имињата на Алах, исламскиот бог и Али, братучед на Мухамед.

Зошто до сега не се откриени овие детали се должи на нивниот вез кој е наопаку, односно ако го гледате во огледало тогаш може да го прочитате.

Според Ларсон, ова е многу значајно откритие, затоа што укажува дека времето ан Викинзите не бил само време типично Нордиско. „Ова ни покажува дека Викинзите биле во контакт со други култури, па и со Исламскиот свет“.

Во Шведска најдени се многу облеки од свила од времето на викинзите, која според Ларсон потекнува ос Азија, и содржат персиски мотиви.

Некои истражувачи сметаат дека зачестената употреба при погреби на свилата не е само поради трговските врски на Викинзите и муслиманите, туку дека Викинзите биле под влијание на Исламот, на Коранот и дека можеби во тоа време и муслимани живееле на ова тло.

„Знаевме за трговските врски на Викинсите со муслиманскиот свет, знаевме дека оделе до таму, но не помисливме дека може со нив се враќале овде и муслимани кои продолжиле да живеат тука“, вели Ларсон.