Зошто пееме под туш?

од desk2
230 прегледи

Ако пеете додека се туширате ќе имате здравствена корист, советуваат лекарите.

Д-р Грејем Велч од Универзитетот во Лондон вели дека влијаееме позитивно на нашето здравје ако пееме под туш, а со оваа проблематика тој се занимава повеќе од 30 години.

Луѓето под туш добиваат инспирација да пејат поради чувството на сигурност и опуштеност до кое доведуваат водата која тече низ телото, топлината, водената пареа и акустичноста на просторот во кој се наоѓаме.

Пеењето под туш спонтано влијае на подобар доток на кислород во крвотокот, како и ан работата на големите мускулни групи на гормиот дел од телотот. И во психичка смисла пеењето е корисно, затоа што доведува до намалување на нивото на стрес преку ендокриниот систем кој е поврзан со емоционалната балгосостојба.

„Се поставува прашањето и зошто луѓето не пејат во бањата кога прават нешто друго, како шелање и средување. Пеат во туш-кабината затоа што е со мали димензии, заради што звукот е побогат, а квалитетот на гласот подобар. Освен тоа, топлата вода, светлото, пријатните мириси, како и чувството на свежина и чистота потполно опуштаат. Особено, ако претходно сте биле на ладно. Под туш се опуштаат телото и умот, а таа пријатност доведува до чувство на среќа, која често се изразува со пеење. Постои мислење дека и авучните бранови кои се одбиваат од капките вода ствараат пријатен звук“, вели д-р Велч.