Зошто Симпсонови се жолти?

од Destan Jonuzi

Култната анимирана серија „The Simpsons“ (Симпсонови) се прикажува речиси неверојатни 33 години, а Хомер, Марџ, Барт и останатите јунаци станаа дел од популарната култура ширум светот.

Но, многумина веројатно не знаат зошто тие се жолти.

Во едно интервју за „BBC“, творецот на популарното анимирано семејство, Мет Грејнинг, открил зошто Симпсонови не се некоја друга боја, туку се жолти. Тој вели дека една аниматорка дошла до ваквата идеја која нему веднаш му се допаднала.

„Една аниматорка осмисли жолт Симпсон и штом ми го покажа, реков: ‘Ова е одговорот!’. Кога со далечинскиот управувач ги прелистувате каналите и ви засвети жолта боја, знаете дека ќе гледате Симпсонови“, вели Грејнинг кој додал дека не сакал да одбере „конвенционални бои од цртаните“ за ликовите.

Некогаш на телевизиските гледачи сигурно им било чудно да гледаат ликови со светложолта боја на кожата и веројатно им било потребно малку време да се навикнат на тоа. Иако со оглед на успехот на оваа серија во последните 30 години, изборот на жолта боја бил генијален потег на Грејнинг, зад тоа можеби стојат некои научни докази.

Теоријата за боите можеби влијаела врз одлуката да се одбере посветла боја бидејќи е познато дека жолтата има и психолошки ефект врз човечкиот мозок. Поради начинот на кој нашите очи ја обработуваат светлината, жолтата е боја која е највидлива за човечкото око, а исто така претставува радост и оптимизам.

Слични содржини