Зошто сме опседнати со богатите луѓе?

од desk2
78 прегледи

Поголемиот дел од луѓето своите идоли ги пронаоѓаат во славни и богати личности. Некои од нив деновите ги почнуваат читајќи вести од нивниот приватен живот, но дали некогаш сте се запрашале од каде потекнува и зошто се создава оваа необична заинтересираност за животот на познатите?

Обично се интересираме за оние кои имаат многу и на тој начин развиваме однос кој често се појавува во партнерски, работни и други социјални односи, а познат е и како однос на љубов и омраза.

Оние кои имаат многу се секогаш интересни за општеството како поради средствата со кои располагаат, така и поради начинот на кој се однесуваат во општеството.

Па според тоа, еве некои од особините со кои изобилуваат богатите луѓе:

1. Да се биде богат е како да се биде од друга држава

Луѓето околу нив ќе им завидуваат, обично тоа нема да им го зборуваат во лице, избегнувајќи да ги повикуваат на дружења на кои ги повикуваат сите свои пријатели, сметајќи дека за богатите тоа не е доволно добро. Децата на богатите почесто се одделуваат од другите деца, тоа е таканаречено трансгенерациско чувство на отуѓеност и неприпадност.

2. По што се разликуваат милионерите и милијардерите?

Поголемиот дел од милионерите не се задоволни со она што го постигнале во животот. Мијардерите, од друга страна, во главно само уживаат во животот, во потрага по нови активности или бизниси кои можат постепено да им го зголемат капиталот.

3. Богатите не се нужно и несреќни

Парите не се и неможат да бидат гаранција за среќен и исполнет живот. Научниците од Принстон откриле дека во САД, на пример, за една година пристоен живот морате да располагате со околу 75.000 американски долари. Општеството ви диктира дека за добар живот исполнет со среќа ви се потребни многу пари, а всушност, како што веќе знаеме, со парите не може да се купи чувство на исполнетост и лично задоволство.