Ѕвездата е родена: Маче со две лица

од desk2
192 прегледи

Запознајте ја Химера, преубавото маче со две лица. Едната страна од лицето и е кафеава, а другата црна, едното око сино, а другото жолто.

Во античката митологија химера било мистско суштество составено од делови на повеќе животни кое блуело оган.

Иако изгледа неверојатно, Химера е едно обично маче кое сака да си игра и да седи во кутии кои никако не и одговараат на големината.

Најмногу сака да се  мази и да предизвикува внимание од сопственикот, а благодарение на својот изглед стана вистинска ѕвезда на Инстаграм.

Сепак се чини дека за тоа не и е гајле и дека живее обичен мачешки живот.